Поврзи се со нас

Гостивар

Кампањата „Одбери стручно-Средно што е вредно“ низ училиштата во гостиварско

Објавено

на

Карванот на Министерството за образование и наука за промоција на средното стручно образование, помина низ повеќе основни училишта на поширокото гостиварско подрачје. Беа опфатени училиштата во Вруток, Дебреше, Градец, Маврови Анови и други. Кампањата се води под мотото „Одбери стручно-Средно што е вредно“  и содржи две основни компоненти: едната е информирање на учениците од аспект на можностите што ги нуди средното стручно образование, како стекнување стручни квалификации и употребливо знаење, полесен пристап до работно место и слично, а втората компонента има промотивен карактер, односно претставување на сите струки и образовни профили што ги нудат средните стручни училишта на територијата на нашата земја.

Без факултет нема шанси да се вработам!

Условите во средно не се сменети со години!

Со средно стручно немам иднина!

Ова се едни од неколкуте митови, кои Министерството се труди да ги разбие преку активностие од кампањата, потенцирајќи дека таквите тврдења се пренесуваат од генерации на генерации и ја намалуваат популарноста и интересот за упис во средните стручни училишта.

„Стручното образование значи финансиска независност, сигурна иднина и професионална слобода. Со одбирање средно стручно училиште, не се ускратува можноста за продолжување на образованието на повисоко ниво, напротив на овој начин теоријата добива практична вредност.“, нагласуваат од Министерството.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена