Македонија
Кампањата за изборите ќе се прилагоди според препораките против корона

По лидерската средба што се одржа денес, техничкиот премире Оливер Спасовски изјави декапартиите треба да ја прилагода кампањата согласно препораките за заштита од коронавирусот.
„Задоволство ми е што на состанокот се обедини став дека здравјето на граѓаните е најважно. Неопходно е сите да покажат одговорност и да се однесуваат одговорно. Сите институции постапуваат соодветно и делуваат по препораките и мерките на дневна основа. Многу е важно сите политички партии кампањата да ја прилагодат на она што е препорачано низ мерките на институциите. Уште една заедничка согласност на средбата беше поддршката на заложбата на Министерството за внатрешни работи за тоа корисниците на социјални мрежи да не споделуваат дезинформации и лажни вести за вирусот Ковид-19 поради можности од создавање паника и опасност врз колективното здравје“, изјави Спасовски.
На денешната средба не се разговарало за одложување на изборите, кои се закажани за 12 април.
Според ваквите најави, може да се очекува предизборната кампања да се одвива преку прес конферекции, соопштенија, социјалните мрежи и слично, а да нема митинзи и собири.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар