Поврзи се со нас

Занимливости

Каналите во Венеција речиси пресушени

Објавено

на

Сувите зимски временски услови во Италија ја зголемија загриженоста дека оваа земја може да се соочи со нова суша по вонредната состојба од минатото лето, откако научниците и еколошките групи предупредуваат дека на Алпите има помалку од половина од нивните нормални снежни врнежи.

Предупредувањето доаѓа по состојбата во Венеција, каде поплавите се вообичаено главниот проблем, сега се соочува со невообичаено ниско ниво на вода што ги спречува гондолите, водените такси и возилата за итни случаи да пловат по каналите.

За проблемите во Венеција се наведува комбинација на фактори – недостаток на дожд (и други врнежи), системи со висок атмосферски притисок, полна месечина и морски струи.

„Италијанските реки и езера страдаат од сериозен недостиг на вода“, истакна еколошката организација „Легамбиенте“ и повика на посебно внимание на северот на земјата. По, најдолгата река во Италија која тече од Алпите во северозападниот дел на земјата до Јадранот, има 61 отсто помалку вода од вообичаеното во овој период од годината, се додава во соопштението на еколошката групација.

Да потсетиме, минатото лето, во јули, Италија ја погоди најтешката суша во последните 70 години, а беше прогласена и катастрофална состојба. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Популарно изминативе 100 дена