Гостивар
Канцеларијата за печалбарите во Гостивар повторно е во функција
Општина Гостивар ја реактивираше канцеларијата за печалбарите, поради тоа што голем дел од иселениците, во периодот околу Нова година престојуваат во родниот крај.
Канцеларијата се наоѓа во просториите на Центарот за општински услуги во приземјето на општинската зграда и ќе работи секој ден од 10 до 19 часот.
„Во оваа канцеларија, иселениците ќе можат да ги добијат сите потребни информации за општинските услуги, како и да се посоветуваат до кои институции да се обратат за решавање на нивните барања.“, соопшти општинската служба за информирање.
Канцеларијата вообичаено е отворена во текот на летниот период и околу новогодишните празници.
Општина Гостивар утре (28 декември) организира и Отворен ден со иселениците.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди