Рецепти
Канелони со мелено месо и моцарела

Јадење од италијанската кујна кое се почесто може да се сретне на нашите трпези.
Состојки:
– 8 канелони
– 300 гр мелено месо
– малку масло
– 1 кромид
– пола чаша бело вино
– 200 гр пелат домати
– бибер, сол
– оригано
Бешамел сос:
– 0,3 дл масло
– 20 гр брашно
– 3 дл млеко
– сув зачин од билки
– морско оревче
– 200 гр моцарела или гауда
Подготовка:
Исецканиот кромид пропржете го на малку масло, додадете го месото и виното и оставете го да се вари на умерена температура 10 минути. На крај додадете пелат доматите и зачини по вкус.
Подгответе ги канелоните според упатствата на пакувањето.
Сос Бешамел: Испржете го брашното на врело масло до светло жолта боја, тргнете го од шпорет, постепено додавајте млако млеко и постојано мешајте го сосот. Потоа вратете се на шпоретот и мешајќи, почекајте да зоврие сосот. Додадете сув зачин од билки и рендано морско оревче.
Само малку подмачкајте го огноотпорниот сад со масло, ставете половина од сосот бешамел и 100 гр рендана моцарела. Наполнете ги канелоните и ставете ги во садот за печење. Канелоните мора да бидат во еден ред, не распоредени едно над друго.
Истурете го преостанатиот сос од бешамел врз канелоните, посипете го остатокот од моцарелата и печете во загреана рерна на 200 степени.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022