Гостивар
Картонска макета на полицаец на патиштата, превентивен проект на СВР Тетово

МВР попладнево информираше дека Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово стартуваше со пилот-активност, чија цел е превентивно да се влијае за поголем сообраќаен ред и безбедност на патиштата на подрачјето кое ингерентно го покрива.
„Станува збор за мобилна макета на полицаец со радар, која неколку часа беше поставена на надвозникот за тетовско Камењане, а која според првично сондираните сознанија и искуства, позитивно се одрази врз брзината со која се движеа возилата во насока кон Гостивар и обратно.“, информира МВР.

Полицијата наведува дека е планирано да се обезбедат уште неколку вакви мобилни картонски макети, кои би биле ставени во функција, особено во текот на летните месеци, кога вообичаено се зголемува вкупната сообраќајна фреквенција на поширокото тетовско подрачје. Макетите се мобилни и тие ќе се преместуваат и на регионалните и локалните патишта.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар