Занимливости
Каскадер сложи Рубикова коцка додека целиот беше во оган (видео)

Каскадерот Томас Ву изведе прилично несекојдневен настап пред судиите и гледачите на популарното шоу „Британија има талент“ (Britain’s Got Talent). Имено, тој се самозапали на сцената додека сложуваше Рубикова коцка.
„Ова не треба да се прикажува на семејна емисија којашто ја гледаат деца и може да се обидат да го направат истото“, „Ова е сосем неодговорно, да се прикажува ваков настап во емисија што ја гледаат деца“ – гласат дел од коментарите по натапот.
Томас прво му даде една коцка на жирито, а потоа исчезна зад темниот екран, па се појави прекриен со огноотпорен гел.
„Ќе ја решам Рубиковата коцка на најопасниот можен начин. Ќе се запалам. А, нема да ме изгаснат додека не ја наместам таа коцка… Не може да бидам запален предолго бидејќи постои опасност вистински да изгорам“, изјави тој.
Водителките извикаа дека никој не смее да го проба ова дома.
Помошникот го запали, а тој почна да ја решава Рубиковата коцка… По 55 секунди, Томас успеа да ја сложи коцката и беше изгаснат со противпожарен апарат.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение