Поврзи се со нас

Македонија

Катаракта – природен лек или операција за отстранување?

Објавено

на

Што е катаракта?

Катарактата или перде е најчестата појава во офталмологијата. Станува збор за заматување на природната леќа на окото, која мора да биде отстранета за да не доведе до можно губење на видот.

Зошто се појавува катарактата?

Како што знаеме катарактата најчесто се создава во подоцнежните години. Како што старее телото, така старее и окото и се создава еден протеински слој на леќата, кој го заматува видот. Катарактата може да се појави и поради одредени болести кои се појавуваат во текот на животот, како што се дијабетес, хипертензија, пушење цигари, претходна операција на око, хормонска терапија и висока миопија (кратковидост). Поради тоа се препорачува да се прават очни прегледи на годишно ниво, особено доколку ги имате овие болести или сте во подоцнежни години.

Кои се симптомите на катарактата?

Симптоми на катаракта се: заматување на видот, губење на контраст, заблескување при јако светло, двојна слика, проблеми при читање, гледање ТВ и возење.

Дали може да се спречи појавата на катаракта?

Многу често прашање е дали може да се спречи катарактата пред да се појави. Сеуште нема научни докази дека катарактата може да биде спречена пред да се појави или развие. Според неколку истражувања внес на витамин Е и Ц, може да влијае позитивно врз очите, без разлика дали ќе помогне во појавата на катарката, но сеуште не е научно докажано. Добар извор на витамин Е е спанаќот, бадем и семки од сончоглед, исто така добар витамин за телото е витамин Ц.

 Дали може да се излечи катарактата по природен пат?

Катарактата е заматување на природната леќа и може да се отстрани само со оперативен зафат. Истражувањата и доказите покажуваат дека катарактата не може да се излечи по природен пат и сите лекови што ги пишува по магазини, весници со рецепти за лекување на катарактата по природен пат може само да наштетат по видот,  бидејќи ќе се остави долг период на развиена катарката и постоперативниот опоравок ќе биде малку потежок, отколку остранување на штотуку развиена катаракта. Во тек се истражувања кои индицираат дека можеби во иднина ќе може катарактата да се излечи по пат на капки. Kaпките би биле замена за операција, но сепак ќе мора да се внимава на други очни состојби и колку е развиена самата катаракта. И покрај се ќе биде задолжителен преглед на офталмолог.

Како се одвива подготовката и операцијата на катаракта прочитајте ТУКА.

Од месец март најголемата и единствена очна болница во Македонија, Систина Офталмологија, работи со 4 дијагностички центри: Тетово, Скопје, Битола и Штип.

Закажете го вашиот преглед за катаракта во Систина Офталмологија Тетово на следните броеви:

Понеделник – Петок од 09:00 до 17:00 ч.
☎️ +389 44 357 111
☎️ +389 72 799 111

(комерцијална објава)

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена