Гостивар
Кавги и проблеми во Гостиварски театар, прекината пробата на премиерната претстава
Постои една година, се` уште се екипира со кадар, немал премиера, а во Гостиварски театар веќе се случуваат проблеми и превирања.
Актерите Берат Салиу и Арѓент Хасани во знак на револт, поради одземање на улогите, вчеравечер влегоа на сцената и ја прекинаа пробата на претставата „Мудриот Натан“, која треба да биде прва на театарот. Тие од режисерот и од директорот побараа објаснување зошто се отстранети од претставата и заменети со други актери. Рекоа дека таквиот чекор бил сосема неправеден и дека нема да дозволат претставата да се одигра без нив.
„Без да не известат, не тргнале од претставата и не замениле со други актери. Немаат право на такво нешто и ние нема да дозволиме претставата да се одигра без нас. Дојдовме да ги прашаме од која причина го направиле тоа. Арѓент има и договор со театарот, јас немам затоа што кога се формираше театарот бев именуван за в.д директор.“, рече Салиу.
Неговиот колега Хасани го има истиот став и револт: „Итно барам да објаснат зошто сме сменети, на наше место се донесени актери од Тетово. Јас не сум против никого, театарот треба да има отворени врати за сите уметници , но не тоа да се прави на ваков начин“.
Режисерот Сулејман Рушити рече дека претставата е негов авторски проект и како таков добил финансиска поддршка од Програмата за култура на Министерството. „Актерите коишто прават скандали не ги исполнуваа своите обврски. Подготовката на претставата ќе си продолжи и тоа никој не може да го спречи“, изјави Рушити.
Според в.д директорот Висар Вишка, актерите постапувале непрофесионално и ги попречувале пробите. И тој потврди дека екипата под водство на Рушити ќе продолжи со работа на претставата и најави дека освен оваа, до крајот на годината Гостиварски театар ќе постави на сцената уште две драмски изведби.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди