Занимливости
Кавијар од бела есетра – 6 милиони денари за еден килограм
Ако се мислите со што да ги импресионирате вашите гости на вечера, послужете им бел кавијар, со сигурност ќе ги оставите со подзината уста. Поточно, кавијар со злато од редок вид албино есетра што се произведува само на едно место на светот – во фабриката за риба на семејството Grüll во Австрија.
Процесот на производство на овој редок кавијар трае дури 14 до 16 години. Самиот процес е многу комплициран: кавијарот се вади од рибата, се дехидрира, меле, а потоа се меша со 22-каратно бело злато за јадење, за да се создаде луксузно задоволство.
Белиот кавијар на семејството Грил, може да се најде само во најексклузивните хотели и во домовите на милионери. Ова не е изненадувачки затоа што за еден килограм треба да се издвојат 100.000 евра или околу 6 милиони денари, што ја прави една од најскапите намирници во светот.
Кавијарот од бела есетра се карактеризира со кадифена текстура и нежен вкус на путер. Може да се комбинира со разновидна храна, но најдобро е да го пробате добро разладено со само малку тост и неколку капки врвна вотка.
Како се произведува овој редок кавијар, погледнете на следното видео:
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар