Гостивар
Казнети 8 пијани возачи во Гостивар, едниот со 2 промили алкохол во крвта

Полициски службеници на СВР Тетово од 23 часот ноќеска до 5 часот наутро спровеле уште една од серијата акциски контроли на возачите – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол, во која биле откриени вкупно 16 прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-8).
Кај најголемиот број од возачите прекршители биле утврдени до еден и пол промили алкохол во организмот, кај еден во Гостивар до 2 промили алкохол, а двајца во Тетово одбиле да се алкотестираат.
„На сите им се изготвени соодветни поднесоци со парични глоби од 225 до 370 евра во денарска противредност и со заштитна мерка – времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.“, извести портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апели до возачите да не ги управуваат возилата под дејство на алкохол и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Зашто, со тоа ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, без разлика каде биле и по кој повод прославувале. Ова, посебно се однесува на возачите-почетници на кои им се советува целосно да се придржуваат кон предвидените законски ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче