Гостивар
Казнети дваесетина возачи во Гостивар поради брзо возење

Сообраќајната полиција вчера (15 мај) во периодот од 11 до 18 часот, на гостиварското подрачје спровела засилена акциска контрола на брзината со која се движат возилата во и надвор од населено место.
Според информациите од Секторот за внатрешни работи, биле откриени дваесетина прекршоци, односно пречекорување на максимално дозволената брзина. Најголемиот број од пречекорувањата, вкупно 14, биле од 30 до 50 километри на час, четири возачи возеле од 50 до 70 километри на час над дозволеното, а тројца дури над 70 километри на час.
Откриените прекршоци во контролата заокружени се со 18 мандатни, две прекршочни платни налози и една писмена опомена.
Контрола имало и во тетовско, каде откриени се вкупно 23 прекршоци, од кои 10 во и 13 надвор од населено место. Најголемиот број од нив (18) биле пречекорувања на брзината за 10 до 50 километри на час.
Брзото возење е најчестата причина за сообраќајни несреќи во полошкиот регион.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош