Гостивар
Казнети гостиварци кои возеле мотори без кацига и без дозвола

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (18 август) од 10 до 15 часот спроведе уште една од серијата акциски контроли на мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и санкционирани 23 прекршоци. Од нив 8 во Тетово и 15 во Гостивар.
„Најголемиот број од прекршоците (19) се однесувале на некористење заштитна опрема (ТЕ-5 и ГВ-14), односно кациги(шлемови), двајца мотоциклисти управувале без положен возачки испит (ТЕ-1 и ГВ-1) и 2 (ТЕ) непоседувале осигурителни полиси.При контролата, исто така, санкционирани се и 5 други видови сообраќајни прекршоци. “, информира полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово и до крајот на овој и наредниот месец планира засилени контролни активности на мотоциклистите во Полог, чиј број деновиве осетно е зголемен на тетовските и гостиварските улици, но и по околните регионални патишта. До мотоциклистите се апелира задолжително да носат заштитна опрема, да не седнуваат зад волан без возачки дозволи и навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли, со што најнпосредно ќе придонесат за сопствената и бзбедноста на другите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж