Поврзи се со нас

Гостивар

Казнети над 3.000 лица за брзо возење на гостиварското подрачје годинава

Објавено

на

Од почетокот на годинава на гостиварското подрачје биле изречени 3.161 мерка за пречекорување на максимално дозволената брзина при редовните и засилени контроли за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека пропишаната брзина најчесто се пречекорувала на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на околните регионални патишта.

„Често пати пречекорувањето било над 50  и над 70 километри на чад над дозволеното. На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од големината на пречекорувањето. На екстремно брзите возачи времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период ќе продолжи со контроли за брзина.

„Дотолку повеќе што токму пребрзото возење беше и остана најчестата причина за случување на сообраќајни несреќи со најтешки последици, со загинати или тешко повредени лица. Токму затоа, уште еднаш се апелира до возачите и посебно до оние со помал возачки стаж да ја прилагодат брзината според условите на патот, да не престигнуваат на забранети и непрегледни места и да не консумираат алкохол или наркотични средства кога седнуваат зад волан. Зашто, во спротивно ја доведуваат во сериозен ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот“, информира Јосифоски.

Во неделата и понеделникот СВР Тетово бележи две сообраќајни несреќи со смртни случаи при излетувања од коловозните ленти.  Во двете несреќи, загинаа 18 годишници од Чегране и Синичане.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 3 недели

Заврши доказната постапка за „Ласкарци“

Гостиварпред 4 дена

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар, ќе трае 6 месеци

Спортпред 11 часа

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена