Гостивар
Казни и сообраќајна поука за пешаци во Гостивар кои претрчувале улица

Вчера (28 јуни) од 9 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците. При контролата откриен и законски санкциониран е 21 прекршок, од кои 14 во Тетово и 7 во Гостивар. Дваесет од нив се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини, а еден на непочитување на светлосни сообраќајни знаци.
На сите прекршители им се изготвени поднесоци и покани за присуство на сообраќајни поуки, кои наскоро ќе бидат организирани за нив, информира полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и потсетување до пешаците целосно да се придржуваат кон сообраќајните правила, знаци и прописи, да не ги минуваат улиците каде ќе стигнат, туку исклучиво на обележани премини, да не се задржуваат на коловоз, а на улици на кои нема оформени тротоари да се движат по работ од коловозот спротивно на движењето на возилата.
До возачите, пак, се апелира секогаш да им даваат предност на пешаците и пред обележани премини да ја намалат брзината, особено пред јавни објекти, зашто обично тука е и најголема фрекфренцијата на возила и пешаци.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја