Вести
Казни од 100 до 500 евра – возеле без дозвола и нерегистрирани автомобили низ Гостивар
Во текот на вчерашниот ден (23 септември), полициски службеници во редовни контролни активности на гостиварското и на тетовското подрачје, откриле возачи кои седнале зад волан без возачка дозвола, како и такви кои управувале нерегистрирани автомобили. Од вкупно откриени 10 лица кои не поседувале возачки дозволи, пет биле во Гостивар и пет во Тетово. Осум автомобили, 3 во Тетово и 5 во Гостивар биле со истечена регистрација до и над 30 дена.
На возачите без дозвола и со истечена регистрација изготвени им се поднесоци и ги очекуваат глоби од 100 до 500 евра, зависно од видот на прекршокот.
„Овие два вида на прекршоци, заедно со пребрзото возење, се најприсутните на подрачјето и годинава. Поради тоа и во наредниот период ќе бидат во фокусот на редовните и акциските контроли, со цел нивно навремено откривање и ефикасно законско санкционирање.“, соопшти Секторот за внатрешни работи
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди