Гостивар
Kазни при контрола на камиони во Гостивар

На подрачјето на СВР Тетово, вчера (24 јануари) од 7 до 12 часот беше спроведена акциска контрола на товарни возила. При контролата биле откриени и санкционирани 3 прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-2) , од кои 1 (ГВ) се однесувал на неисправен уред за управување, а другите 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) на неисправен уред за поврзување на влечни и приклучни возила. Покрај ова, санкционирани биле и 2 (ТЕ) возила за констатиран претовар и 1 (ТЕ) возач со важечка забрана за управување, како и 7 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
Во втората контрола од 12 до 16 часот со која биле опфатени возила кои вршат јавен превоз на патници биле санкционирани 2 возила (ГВ) со неизвршен вонреден технички преглед и 5 возила, односно возачи (ТЕ-3 и ГВ-2) кои не ги поседувале потребните документи за вршење на ваков вид превоз.
„На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, зависно од видот и карактерот на прекршокот. Санкционирани, исто така, биле и 6 други видови сообраќајни прекршоци. Вакви и слични активности планирани се и во наредниот период во функција на подобрување на вкупната сообраќајна безбедност во поширокиот Полошки регион.“, информира СВР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден