Гостивар
Казни за брзо возење и возачи без дозвола во Гостивар
Секторот за внатрешни работи Тетово, продолжува со засилени сообраќајно-контролни активности. Во вчерашната акција спроведена на гостиварското и тетовското подрачје, биле откриени над 150 резлични прекршоци.
„Во средиште на контролата повторно беа брзината со која се движат возилата во и надвор од населено место и непрописното паркирање. При тоа, на тетовското подрачје откриени се вкупно 107 прекршоци, од кои 70 пречекорувања на дозволената брзина. На гостиварското подрачје, пак, бројот на пречекорувањата на брзина изнесувал 24. Покрај ова, откриени, исто така, се и 7 лица (Тетово-4 и Гостивар-3 ), кои ги управувале возилата без положен возачки испит, кои веднаш се исклучени од сообраќај и кои се санкционирани со законски предвидените поднесоци.“, се наведува во соопштението од СВР.
Во Тетово вчера биле санкционирани и 16 погрешно паркирани возила, кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди