Поврзи се со нас

Македонија

Казни за месарница, маркет и ресторан поради продажба на небезбедна храна

Објавено

на

    Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна  и продажба на храна со поминат рок.

    -Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните инспекциски контроли согласно Годишниот план и неделава продолжија со спроведување на засилен, вонредни инспекциски контроли во целата држава. Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарниоца во Скопје поради пласирање на пазарот небезбнедна хранана, поточно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања, информираат денеска од АХВ.

    Од Агенцијата додаваат дека познат скопски супер маркет казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања.

    -Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во конткат со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство, се вели во соопштението.

    Во координирана акција со  Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, АХВ спровела вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.

    Од АХВ потенцираат дека затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена. 

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена