Гостивар
Казни за над 20 возачи во Гостивар поради брзо возење

Полицијата во текот на вчерашниот ден во периодот од 11 до 17 чaсот, спровела сообраќајна акциска контрола во гостиварско и тетеовско со акцент на брзината на возење.
При контролата, биле откриени вкупно 37 пречекорувања на дозволената брзина, надвор од населено место, од кои 19 на тетовското, а 18 на гостиварското подрачје, како и 30 пречекорувања во населено место, од кои 26 во Тетово и 4 во Гостивар.
Најголемиот број од пречекорувањата надвор од населено место биле за 30 до 50 километри на час, додека во населено место од 10 до 30 километри на час.
„Целта на акциската контрола е откривање и законско санкционирање на оние возачи кои не ја прилагодуваат брзината според условите на патот, односно возат побрзо од максимално дозволеното. Ова, дотолку повеќе што и годинава брзината е најчестата причина за сообраќајните несреќи кои се случуваат на тетовско-гостиварското подрачје.“, нагласува полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?