Гостивар
Казни за седум возачи во Гостивар кои биле под дејство на алкохол
Ноќеска во периодот од 22 до 4 часот после полноќ, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол.
„Санкционирани се 20 возачи на подрачјето на Тетово и седум возачи на подрачјето на Гостивар, кај кои било утврдено присуство на алкохол. Истите се исклучени од сообраќај и издадени им се прекршочни платни налози. Откриени се и 17 останати прекршоци на подрачјето на Тетово и 13 останати прекршоци на подрачјето на Гостивар.“, извести МВР.
Казните за возењето под дејство на алкохол се движат од 200 до 500 евра, зависно од количината на алкохол, околностите и последиците. Впишувањето на негативни бода е од 40 до 65, а се изрекува и забрана за управување со моторно возило од три месеци до една година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар