Поврзи се со нас

Вести

Ќе „експлодира“ ли КК Гостивар против Фени во сабота?

Објавено

на

Пред нас е веќе 5-тото коло во најелитното кошаркарско натпреварување во државава. КК Гостивар одигра три натпревари од кои забележа само една победа. Го победи Кожув, загуби од Куманово и во последниот натпревар загуби од МЗТ Скопје. Но, на тој последен натпревар гостиварските кошаркари покажаа дека знаат и тоа како да играат кошарака. Три четвртини владеаа на теренот, што влева голема надеж кај спортската јавност во Гостивар, дека баш на овој натпревар „бело-сините“ ќе експлодираат и влезат во нивниот препознатлив победнички ритам.

А и сите услови се наклонети, публиката е желна за дуел, повеќе од три недели е без прволигашка кошарка, кошаркарите го чувствуваат моментот дека не смеат да ги изневерат навивачите, бодовите се прекупотребни за крајната цел која си ја зададоа пред почетокот на сезоната.

Сето ова најавува пеколна атмосфера утре во спортската сала Младост во Гостивар. Гостува Фени Индустри која воопшто не е наивна екипа. Има скор од 3 победи и 1 пораз во досегашниот дел од првенството.

На последниот тренинг Србиноски ги направи последните подготовки за утрешниот натпревар, екипата е комплетна и цврсто решена да го добие натпреварот. И сите се свесни дека поддршката од трибините на овој меч на “бело-сините” им е повеќе од потребна.

Кошаркарите, тренерот, управата ги повикуваат сите љубители на кошарката од Гостивар, да дојдат и дадат максимална поддршка на овој натпревар. Најавено е присуството на видни кошаркарски имиња на натпреварот, Фурстингер ќе има посебна поддршка од мала група која допатува дури од САД да го поддржат на овој натпревар. На полувреме организирана е забавна програма и изненадување за сите присутни во салата, посебно за најмладите навивачи на Гостивар.

Влезниците за натпреварот се продаваат во Royal Garden и B&B Тобако на центар, ќе се продаваат и пред почетокот на натпреварот на благајна. Цената е 50 денари, натпреварот започнува во 18 часот.

Навивачката група Gostivar Ultras ги повикува сите навивачи од Гостивар кои сакаат заеднички да ги бодрат кошаркарите на КК Гостивар да дојдат на ДТВ паркинг, еден час пред почетокот на натпреварот.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 43 минути

Се распределува избирачкиот материјал на ИО во Гостивар, гласаат болни и немоќни

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Молк пред утрешните претседателски избори – Денес гласаат болни, затвореници, лица во старските домови

Спортпред 2 часа

Интернационале Милано по 20 пат шампион на Италија

Македонијапред 3 часа

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Гостиварпред 18 часа

Лични документи можат да се подигнат и во среда

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

За гласање утре во Гостивар пријавени 129 болни и немоќни, во Врапчиште 30

Гостиварпред 19 часа

Верни на традицијата-ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт во четврток

Гостиварпред 21 час

Ученици од Гостивар создаваа ликовни дела според прочитани книги

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена