Македонија
Ќе има ли ново замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот?

Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.
Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата – 20-ти мај, тој повтори дека кризата нема да биде на товар на граѓаните и оти Министерството за економија носи соодветни мерки за оние што не ги почитуваат одлуките.
Во однос на реакцијата на маркетите дека добавувачите не им доставуваат производите рече дека секој има право да го каже своето мислење, а институциите се тие што ќе реагираат.
„Ние сме демократија. Секој има право да го искаже своето мислење, и маркетите, и институциите, и граѓаните, и Организациите за заштита на потрошувачите, а секако дека институциите имаат обврска да го заштитат тоа што е согласно законот. Ние имаме Закон за заштита на потрошувачи во нашата држава и имаме Закон за трговија. Кој не го применува тоа секако во правна држава треба надлежните институции да постапат и да ги преземат соодветните мерки. Убеден сум дека тоа и ќе го направат како што го направија и претходно“, рече Бектеши.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение