Занимливости
„Ќе ја отвориме Пандорината кутија“! Научниците пронајдоа ДНК од пред два милиони години
Најстарата ДНК некогаш секвенционирана открива како изгледал Арктикот и кои видови го населувале пред два милиони години, кога бил потопло место за живеење. „Ја пробиваме бариерата на она што мислевме дека можеме да го постигнеме во однос на генетските студии“, вели Микел Винтер Педерсен, коавтор на новата студија.„Долго време се мислеше дека милион години се граница на опстанок на ДНК, но сега докажавме нешто ново“, вели тој за АФП.
Приспособливост на видовите
„Реките што течеле низ околината транспортирале минерали и органски материјал во морската средина. Таму биле депонирани овие копнени седименти“, вели Винтер Педерсен. Потоа, во одреден момент пред околу два милиони години, „оваа копнена маса се издигнала и станала дел од северен Гренланд“, објаснува Педерсен. Денес, областа е арктичка пустина каде веќе се откриени различни видови на наоѓалишта, вклучувајќи фосили од растенија и инсекти кои се зачувани во одлична состојба. Но, научниците не се обиделе да изолираат ДНК од фосилите и многу малку се знаело за присуството на животни во тоа време.
Истражувачкиот тим, кој започна со работа во 2006 година, сега обезбеди увид во тоа како изгледал регионот пред два милиони години.
„Имало шумска средина со мастодонти, ирваси и зајаци кои трчале наоколу заедно со многу различни растителни видови“, додава Педерсен. Истражувачите пронајдоа 102 различни видови растенија. Присуството на мастодонти за нив било особено забележливо, бидејќи тие никогаш порано не биле пронајдени толку северно. Откритието, исто така, им дава на истражувачите повеќе информации за приспособливоста на видовите.
Пред два милиони години, на Гренланд температурите биле од 11 до 17 степени повисоки од денешните.
„Начинот на кој видовите можат да се прилагодат на различни видови клима, може да биде различна од она што претходно го мислевме. И очигледно тоа нѐ тера да бараме понови и постари локации. Постојат неколку различни локации низ светот кои всушност имаат геолошки наоѓалишта кои нѐ враќаат толку далеку. И уште подалеку“, додаде Винтер Педерсен.
Во соработка со Е наука
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk