Гостивар
Ќе најдеме решение за греењето во Центарот за култура во Гостивар, најави Костадиновска-Стојчевска

„Како Министерство поддржуваме многубројни проекти од областа на култура и заедно со поддршката што ја даваме преку Националниот конкурс за финансирање на проекти односно преку годишната програма, вложуваме и во објектите кои се важни за развој на културната сцена. Еден од тие објекти е токму Центарот за култура „АСНОМ“ каде што Министерството од 2018 година наваму активно вложува во подобрување на инфраструктурата и на внатрешноста за непречено функционирање на установата“, изјави при денешната посета на Центарот за култура во Гостивар, министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
При тоа таа информираше дека минатата година се инвестирани над 10 милиони денари за изведување на термоизолациска фасада на објектот, а како следен приоритет ќе биде ставено затоплувањето на објектот.
„Мора да најдеме решение за греењето на објектот Директорот не‘ информира дека веќе имаат изработено некакво проектно решение, што нам многу ни ја олеснува работата, во смисла ги скратува времето и процедурите за да можеме да обезбедиме средства, така да греењето е следна точка за решавање, односно и директорот има побарано средства за финансирање проект од Годишната програма за 2024-та година“, кажа министерката додавајќи:
„Вложуваме и во подобрување на условите за Националната установа Театар во Гостивар и продолжуваме да вложуваме активно секоја година преку програмата на Министерството, за комплетна санација на кровната конструкција. Оној дел којшто беше најкритичен е саниран, така да продолжуваме понатаму со целосна реконструкција на кровот на оваа национална установа“.
Костадиновска-Стојчевска, при посетата на Гостивар оствари средби со повеќе културни работници од овој град, како и со членовите на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“. Заедно со министерката, во Гостивар беа и вице-премиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и заменик министерката за здравство, Маја Манолева.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар