Поврзи се со нас

Гостивар

Ќе не грее есенско сонце и оваа работна недела во Гостивар и околината

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека наредните денови во октомври ќе се задржи стабилно сончево и релативно топло време.

Денес, понеделник беа измерени утрински температури од 14 степени, дневната ќе достигне до 29-от степен. Не` очекува сончево и ведро време.

Исти временски прилики ќе се задржат и во вторник, со максимални температури до 30-от степен.

Времето во среда ќе биде сончево со мала облачност и слаб североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 22 до 28 степени.

Во четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб источен ветер. Дневната температура ќе се движи од 21 до 27 степени.

Додека во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб источен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 27 степени.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно