Македонија
Ќе пораснат и другите плати, онаму каде се усогласени со Законот за минималната, вели Тренчевска

Инфлацијата е потсмирена и се намалува. Најважно е што имаме тренд на намалување и тој ќе продолжи и понатаму. Не само мерките за замрзнување на цените и сите други мерки што ги носи Владата се токму во таа насока, рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.
Во гостување на ТВ 24 Тренчевска истакна дека се следат состојбите и оти не мора да значи дека мерката нема да продолжи и по утврдениот рок ако економскиот тим на Владата одлучи дека дава ефекти.
Тренчевска е задоволна од одлуката што беше донесена на Економско-социјалниот совет за висината на минималната плата бидејќи, како што истакна, е резултат на системско решение од минатата година кога со измените на Законот за минимална плата беше утврдена нова методологија врз основа на која ќе се зголемуваат платите.
-Токму со ова решение имаме одлука за минимална плата од март 2023 од нето износ 20.175, што значи дека во државата нема да има основна плата под оваа сума. Дури и во услови на криза минималната плата расте. Со минималната плата ќе пораснат и другите плати, онаму каде матичните закони се усогласени со Законот за минимална плата, односно каде во основната плата влегува минималната плата, платите исто така ќе се зголемат за 2.175 денари, рече Тренчевска.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава