Македонија
Ке прифатат ли народните пратеници нарко – тест?

Сите пратеници в понеделник да направат нарко – тест, за тоа дали користат дрога побараа денеска од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Осумчлената група поднесe Иницијатива до собранискиот спикер Талат Џафери да создаде услови за да се спроведе тестот. Проверката бараат да биде на доброволна база.
Тестови за пратениците вчера побараа од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ. А денес, од редовите на СДСМ изјавија дека е прифатлива иницијативата, сите пратеници во Собранието доброволно да направат тест за наркотични средства. Во изјавите пред медиумите сите партии се согласија дека се спремни да го направат тестот, но дали ќе го спроведат на дело или се ќе држат само на „моралинте“ изјави, останува на нив.
Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери, велат дека тој ќе ја разгледа иницијативата и ќе се произнесе по неа.
Иницијативата доаѓа по скандалот со аудио снимката и изјавата на пратеникот Богоевски дека порачувал недозволени супстанци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Македонијапред 3 месеци
Софтвер ќе открива злоупотреби на социјалната помош