Македонија
Ќе се основа Центар за култура на турската заедница во Македонија

Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои Предлог – одлуката за основање Национална установа „Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија“ – Скопје и донесе одлука за основање на ваква установа.
Во образложението на предлагачот, Министерството за култура, е посочено дека во Македонија работи и функционира само една национална установа којашто негува репертоар на којшто се застапени турски, македонски и светски драмски автори, а претставите се изведуваат на турски јазик со симултан превод на други јазици, односно само Националната установа Турски театар – Скопје, поради што е евидентен недостигот на културни институции за негување и афирмација на културните вредности од турската заедница во земјава.
Националната установа „Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија“ – Скопје ќе има за цел да ги негува, не само класичните уметнички форми, туку и постојано да ги следи и истражува модерните движења во сферата на културата и уметноста, со што на сите заинтересирани граѓани ќе им овозможи врвни културни и уметнички достигнувања, информираат од Владата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?