Македонија
Ќе се преговара да поевтинат и пијалоците

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе има состанок со производителите и дистрибутерите на пијалоци во државава со кои ќе дискустира за вклучување на пијалоците во одлуките за поевтинување на производи што ги најави Владата.
-Очекувам да имаме позитивен „фидбек“ и од нивна страна и со наредна одлука, освен хемиските производи, да бидат вклучени и пијалоците во намалувањето на цените до 30 ноември, рече Бектеши на прес-конференција во Владата.
На владината седница утре ќе се донесе одлука со која за минимум 10 отсто ќе се намалат цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, а референтна цена ќе им биде цената од 1 август годинава.
-Убеден сум дека од среда ќе има значително намалување на цените на производите што ќе бидат објавени утре по седницата на Владата, рече Бектеши.
Производите што ќе имаат намалена цена ќе бидат обележани со ознака гарантирана цена.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!