Гостивар
Ќе се реновира детското одделение во болницата во Гостивар

Педијатрија во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар целосно ќе се реновира. Обновата на одделението е следниот поголем проект што го најавува болничката управа, а со административните процедури и постапки се очекува да се започне до крајот на месецов.
„Предвидено е тотално реновирање на детското одделение во болницата, со што значително ќе се подобрат условите за пациентите, нешто кон кое секогаш се стремиме и е наш приоритет. Разговаравме со директорот на Фондот за здравство, очекуваме наредната недела да имаме Управен одбор, да се определат средствата според тоа што сме планирале за овој проект, по што ќе следува отворање на постапка и сите тие неопходни административни процедури.“, изјави директорот на болницата Јакуп Јакупи.
Во гостиварската болница моментално во тек е реализација на зафати за промена на лифтовите, како и дигитализација на установата.
„Во моментов два проекти се на почеток на спроведување, а тоа е промена на големите лифтови за транспорт и дигитализација на болницата. Во однос на лифтовите, за жал поскапувањата на цените го направија своето и буџетот ќе биде доволен да се обноват само лифтовите за транспорт, додека другите два помали лифта ќе останат за наредната година. Проектот за дигитализација пак да речеме не толку ги засега пациентите, но ќе придонесе многу за персоналот и е навистина важен сегмент за комуникација.“, рече Јакупи.
Во понеделникот болницата ги промовираше реновираните делови на гинекологија и на интерното одделение. Исто така, течат работите од проектот за енергетска ефикасност вреден 500.000 евра кој опфаќа обнова на фасадата и замена на прозорците.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022