Вести
Ќе се реставрира црквата Св.Димитрија во Гостивар
Кровот и фасадата на црквата Св.Димитрија во Гостивар, годинава ќе биде целосно обновени. Активностите за санација и реставрација на храмот, се предвидени со проект на гостиварскиот Конзерваторски Центарот. „За да може теренски да се изведуваат работите претходно беа извршени сите потребни подготвителни работи. Се чекаат поволни временски услови, па ќе се започне со изведување. Реставрацијата на кровот се врши за да се спречи појава на влага и да се заштитат фрескоживописите“, вели директорот на Центарот, Аднан Фејзулаи.
Црквата Св.Димитрија е најстарата црква во Гостивар. Во средниот век на нејзино место постоел голем манастир. Манастирот за време на турските освојувања бил разурнат. Црквата била изградена врз темелите на срушениот манастир во 1840. Околу објектот се сместени старите православни гробишта.
Храмот прв пат бил живописан во 1867 година од страна на познатиот Дичо Зограф, кој со својата тајфа работел во гостиварско. Во 1976 година фреско-живописот бил возобновен.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар