Поврзи се со нас

Гостивар

Ќе се скрати листата на чекање: Новата градинка во Долна Бањица е во крајна фаза

Објавено

на

Од следната година, значително ќе се намали листата на чекање во детските градинки во Гостивар. Новиот објект, којшто општината го подготвува во Долна Бањица е во завршна фаза. Се чекаат формалностите – технички прием и потребната дозвола.

Локалната власт проценува дека сето тоа ќе се заврши до крајот на годинава.

„Се` е готово, чекаме технички прием, да дојде надзорот, да види дали е се` во ред и да земеме дозвола. Се надевам дека од нова година градинката ќе се отвори. Предвидени се паралелки на турски, албански и македонски јазик. Дури има огромен интерес и за мешани групи: албански-турски и македонски-турски. После Равен, Чегране и Форино ова е четврта нова градинка којашто ја обезбедивме“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Објектот ќе биде со капацитет од 70 до 100 деца. Во новата градинка ќе може да се згрижуваат деца од целата гостиварска општина, со оглед на близината на Долна Бањица до градот.

„Секоја година, листата на чекање за градинка е се` подолга. Моментално има околу 300 деца кои чекаат на прием. Со отворањето на новата градинка, листата секако ќе се намали. Објектот има четири занимални и би можеле да се згрижат 70 до 100 дечиња.“, рече Аслијан Снопче, раководител на општинскиот Сектор за образование.

Во овој објект претходно беше сместено поранешното основно училиште. За адаптација во градинка, Општина Гостивар инвестираше над 50 илјади евра.

Извршена е внатрешната и надворешна реконструкција, поставени се нова електрична инсталација, санитарни јазли, керамички плочки, нов систем за водоснабдување и канализација, а старите прозорци се заменети со енергетски ефикасни прозорци.

Планирано е во дворот на градинката да се постави и детско катче со реквизити.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена