Поврзи се со нас

Македонија

Ќе се забрани ли ТикТок во Македонија?

Објавено

на

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува учениците и нивните родители да го користатупатството што е доставено пред две недели во училиштата, кое треба да ги заштити најмладите од предизвиците на интернет.

По повод Денот на побезбеден интернет, што кај нас се одбележа првпат денеска во ОУ „Димитар Македонски“ во Лисиче, министерот рече дека упатството било споделено со сите училиштата и доставено до МОН и Педагошката служба. Тоа има два дела, од кој вториот е наменет за родителите, и е достапно за секој што е заинтересиран на веб-страницата и фејсбук-профилите на министерството.

-Тоа јасно објаснува кои ресурси можат и треба да ги користат училиштата, во разговор со учениците, и кое однесување треба да го имаат. Вториот дел на тоа упатство се предлози на апликации кои родителите може да ги искористат за да забранат одредени страници или содржини за нивните деца на нивните мобилни телефони, мобилни уреди, смарт-уредите и на телевизорите дома. Се надевам дека ќе го користат. Ставивме и некои теми коишто сметам дека се важни да се обработуваат на одделенски или на класен час, така што мислам дека во тој дел ќе помогне,  изјави Андоновски при посетата на ОУ „Димитар Македонски“.

На прашањето дали има повратна информација дека препорачаните апликации од упатствотовеќе се користат, министерот одговори дека тоа не обврска на училиштата туку, како што рече, „домашна задача за родителите“.

-Од секој родител зависи како неговото дете се однесува. Тоа е процес на домашно воспитување, на здрави навики и навики на однесување. Ние апелираме на свеста кај родителите да ги искористат овие апликации кои ние им ги нудиме како ресурс. Доколку имаат потреба од дополнително објаснување, исто така стоиме на располагање – и на училиштата, и на родителите. Но, не смееме да заборавиме дека ова е првенствено задача на семејствата и на родителите, истакна Андоновски.

Прашан дали се разгледува забрана на платформата ТикТок, на која најнов опасен предизвик за децата е „парацетамол“, и откако во таа насока размислува премиерот на Албанија, Андоновски одговори дека кон забрана ќе се пристапи доколку некоја појава „од инцидент прераснува во пракса“.

-Рама размислуваше и пред еден месец, па се повлече од тоа размислување. Тоа ад хок однесување прави повеќе штета отколку напредок во функционирањето на државите. Ние имаме малку поразличен пристап, како што видовте со онлајн игрите на среќа. Кога е забележано дека тоа претставува проблем за поширок круг на граѓани, ние пристапуваме кон законски измени и кон забрана на пристапот на онлајн игрите на среќа коишто се нелегални. Истиот пристап ќе го имаме и кон овие апликации. Доколку забележиме дека тоа од инцидент станува редовна практика, како што стануваат нелегалните онлајн коцкарници, тогаш ќе пристапиме кон забрана. Но, не сакам да излегувам со различна изјава секоја недела и да го менувам ставот во зависност од тоа каков предизвик се појавил и на која социјална мрежа. Кога ќе видиме дека тоа прераснува во пракса, стои на располагање алатката за забрана, рече Андоновски.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Македонијапред 6 часа

Во дискотеката во Кочани незаконски се користела пиротехника, немало доволно ПП апарати

Македонијапред 11 часа

МВР за пожарот во Кочани: Осомничени над 20 лица, фирмата немала легална лиценца

Македонијапред 14 часа

Седумдневна жалост во Македонија за трагедијата во Кочани

Македонијапред 15 часа

Централна потерница за 4 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, увидот сѐ уште трае

Македонијапред 16 часа

Над 150 млади лица повредени во пожарот во Кочани хоспитализирани во болниците низ земјава

Македонијапред 18 часа

Голема трагедија-51 лице загина во пожар во дискотека во Кочани, стотина се повредени

Здравје и убавинапред 1 ден

Вежба „4-7-8“ против несоница

Светпред 1 ден

Илјадници демонстранти на улиците во Белград: Студентски протести против корупцијата и неефикасноста на владата

Вестипред 1 ден

Извлечени се лицата чиј чамец се преврте во Мавровско Езеро

Гостиварпред 4 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 3 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Се крои нова листа на работни места со бенифициран стаж

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена