Поврзи се со нас

Гостивар

Ќе се засилат полициските патроли во училиштата во Гостивар

Објавено

на

    Заради поголема безбедност на децата во училишните средини на гостиварското подрачје, во наредниот период ќе се засилат полициските патроли во образовните установи. Ова беше најавено на последниот состанок на Локалниот совет за превенција што се одржа деновиве. Освен зголемено полициско присуство, началникот на ОВР Гостивар Абдил Биљали најави и случајни утрински контроли по училиштата.

    „Ние како полиција преземаме мерки, но ќе има зголемено присуство на полицајци за да се осигура безбедност за децата. Добро е да се одржуваат и средби со сите засегнати страни за да превенираат непријатни појави и ризици. Полицијата ќе ги зачести патролите, а ќе спроведуваме и утрински случајни контроли.“, рече началникот Биљали.

    На состанокот се разговараше и за оштетувањето и уништувањето на урбаната опрема во парковите, шеталиштето крај Вардар и други јавни површини. При тоа беше речено дека е потребно да се инсталираат безбедносни камери за да се превенираат ваквите вандалски чинови, кои не се ретки.

    Главна тема на расправа на Локалниот совет за превенција, како што веќе информиравме беше нечистотијата и загадувањето во Гостивар и околината предизвикано од градежните работи на Коридорот 8.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена