Поврзи се со нас

Вести

Кенеди помладиот го поддржа Трамп и настапи со него на митинг

Објавено

на

    Роберт Ф. Кенеди помладиот му даде поддршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп придружувајќи му се синоќа на митинг во Аризона, неколку часа откако ја суспендираше неговата претседателска кампања. Кенеди изјави дека ќе се повлече од гласачкото ливче во 10 клучни сојузни држави.
    Подршката за Трамп предизвика тензии во семејството на Кенеди, едно од најпознатите семејни лози во американската политика кое потекнува од Демократската партија.
    Трамп изјави дека е „многу почестен“ што ја добил поддршката од независниот претседателски кандидат  Кенеди помладиот, кој го нарече „големо засилување“. Американските медиуми јавуваат дека Трамп ја разгледува можноста да му даде кабинетско место на Кенеди во неговата администрација.
    -Многу сум почестен од тоа, изјави Трамп во интервју за д-р Фил синоќа. „Го познавам долго време, бевме делумно пријатели, всушност, и мислам дека ќе биде големо засилување.“
    Интервјуто доаѓа откако Кенеди на прес-конференција во петокот објави дека ја суспендира својата кампања во клучните држави и ги повика своите гласачи да го дадат својот глас за Трамп. Кенеди има мала подршка од пет до шест отсто во неколку клучни држави како Аризона и може да стане спојлер за претседателската кандидатка Камала Харис.
    Во меѓувреме, пет членови од неговото семејство излегоа со изјава во која подршката за Трамп ја нарекоа „тажен крај на една тажна приказна“ и ја повторија нивната подршка за Харис и нејзиниот кандидат за потпретседател, Тим Валц.
    -Одлуката на нашиот брат Боби денеска да го поддржи Трамп е предавство на вредностите што на нашиот татко и нашето семејство им се најблиски до срцето, стои во изјавата објавена на Х од неговата сестра Кери Кенеди.
    -Ние веруваме во Харис и Валц. Сакаме Америка исполнета со надеж и обединета со заедничка визија за посветла иднина, иднина дефинирана од индивидуалната слобода, економските перспективи и национална гордост, изјавија од семејството.
    Кенеди помладиот, кој е син на покојниот државен обвинител и сенатор Роберт Кенеди и внук на претседателот Џон Ф. Кенеди, и кој за време на Ковид пандемијата ширеше антиваксерски погледи и други теории на заговор, призна дека неговата одлука да го подржи Трамп предизвикала тензии со неговото најблиско семејство.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена