Спорт
Кевин Пантер сепак ќе го предводи Партизан уште две сезони

Информацијата која ја пренесоа скоро сите европски медиуми дека еден од најдобрите бекови во Евролигата, американецот со српски пасош Кевин Пантер од Партизан преминува во Барселона, денеска беше и официјално демантирана од страна на „црно-белите“.
Капитенот на кошаркарите на Партизан го продолжи договорот за уште две години, соопшти белградскиот клуб.
Најбараниот кошаркар летово, со тоа стави точка на шпекулациите кои циркулираа изминатите денови дека американскиот кошаркар ќе го напушти Белград.
Според информациите кои ги пренесе Sportske.net, годишната плата на Пантер во Белград е меѓу 1.600.000 и 1.900.000 евра, а понудата е во опсег од 3.200.000 до 3.800.000 евра за две сезони. Капитенот на црно-белите требаше да постигне договор со Барселона, која му понуди двегодишен договор вреден 6.000.000 евра бруто или 4.200.000 евра нето.
Пантер сезонава го предводеше својот тим до седмата титула во регионалната АБА лига, прва по една деценија, и беше прогласен за најкорисен играч (МВП).
Тој, исто така, беше еден од клучните кошаркари за пласманот на Партизан во четвртфиналето во Евролигата, во кое белградскиот клуб испушти водство од 2-0 во серијата до три победи против Реал Мадрид.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!