Поврзи се со нас

Македонија

Кичеец добил отсуство од затвор поради здравствени проблеми со срцето

Објавено

на

„На осудениот Зоран Милески му е одобрен 30-дневен прекин на издржувањето на казната затвор, поради влошена здравствена состојба, за која тој доставил и специјалистички извештаи од лекарски прегледи, во кои е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, диспнеа (отежнатно дишење) и видлива агитираност кои се јавиле после интензивен психички и физички стрес. Милески треба до 09.09.2021 година да се врати во КПД Струга“, информираат од Управа за извршување на санкции – УИС. Милески, беше еден од учесниците во сообраќајната несреќа, која се случи во саботата на патниот правец Гостивар-Кичево, во која едно лице загина, а седум беа повредени.

На осудениот Зоран Милески, како што информираат од УМС, со решение од 10.08.2021 година му е одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со чл. 225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите. Казната затвор, која оваа осудено лице ја издржува во КПД од отворен вид Струга му се прекинува во времетраење од 30 дена и тоа од 10.08.2021 година до 09.09.2021 година на кој ден иститот треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната.

– Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а истиот му беше одобрен од  причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 06.08.2021 година и на 09.08.2021 година во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид. Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, дипнеа и видлива агитираност кои се јавиле после интензивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Пациентот поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со amp.Presolol и amp.Cordarone и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција, информираат од УИС.

Дијагнозата, се вели во соопштението, за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е „Суправентрикуларна тахикардија“ и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија.

– Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено, се вели во соопштението од Управа за извршување на санкции.

Зоран Милески – Кичеец е осуден на три години затвор, откако го призна делото за случајот „Рекет“ – примање награда за противзаконито влијание.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена