Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Килограмите се топат додека спиете… Идеално, зар не?

Објавено

на

Вишокот килограми е проблем со кој се борат голем број луѓе. Секако дека правилната исхрана и физичката активност се на прво место доколку сакате да ослабнете, но има и неколку финти кои помагаат да ги намалите килограмите додека спиете. Вреди да се обидете!

Доцен тренинг

Заборавете ги утринските тренинзи во теретана. Најдобро време за вежбање е после работа. Од работа, веднаш во теретана и вашиот метаболизам може да се забрза за 15 часа, според списанието International Journal of Sport Nutrition. А не е лошо да вежбате и навечер пред спиење. Доцниот тренинг ќе го забрза согорувањето на мастите додека спиете и ќе ви обезбди цврст сон.

Ладен туш

Ладниот туш не само што ги ослободува млечните киселини после вежбање туку и според едно истражување за списанието PloS ONE, 30 секунди ладна вода го активираат вашето тело и го забрзуваат согорувањето на мастите. Кога телото ќе се активира може да согори дополнителни 400 калории додека спиете.

Зелен чај

Флавоноидите кои ги содржи зелениот чај го забрзуваат вашиот метаболизам, па ако денес сте испиле 3 чаши, ќе согорите 3,5% повеќе калории во текот на ноќта додека спиете, а оваа информација е според истражувања за списанието American Journal of Clinical Nutrition.

Сон

Истражување, објавено во Annals of Internal Medicine, открива дека пропуштен сон од 16 минути на ден е причина за здебелување. Со зголемувањето на сонот се намалува грелинот, ензим кој го стимулира апетитот, а се покачува лептинот, кој помага да го контролирате апетитот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена