Вести
Ким ветил дека ќе му помогне на Путин во руската војна против Украина

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун му ветил на рускиот претседател Владимир Путин помош во руската војна против Украина на средбата во рускиот космодром Восточни, пренесе ДПА повикувајќи се на медиуми.
- Русија се крена за да го заштити својот суверенитет и безбедност, рекол Ким на средбата со Путин, пренесува агенцијата Интерфакс.
-
Ние секогаш и ќе продолжиме да ги поддржуваме сите одлуки на Путин и одлуки на руската влада. Се надевам дека секогаш ќе бидеме заедно во борбата против империјализмот и во изградбата на суверена држава, рекол Ким.
Средбата на Путин и Ким е прва посета на севернокорејскиот лидер на Русија во последните четири години. Покрај прашањата за ракетната технологија, според набљудувачите, на дневен ред на состанокот се и испораката на оружје и муниција од Северна Кореја за Русија.
За време на состанокот Путин-Ким, руското Министерство за надворешни работи најави посебна посета на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Москва. Ванг ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!