Поврзи се со нас

Технологија

Кина го создава најмоќниот систем за препознавање лица во светот

Објавено

на

Кина има за цел да создаде најмоќен систем за препознавање лица на светот и планира тоа да го направи преку проектот на Министерството за јавна безбедност од 2015 година, а кој се развива во соработка со компанија за безбедност, чие седиште се наоѓа во Шангај.

Кина инаку веќе има вградено над 170 милиони најсовремени камери за надзор ширум земјата.

Целта на таа мрежа е да го идентификува секој од 1,4 те милијарди жители во рок од три секунди. Само во септември минатата година Кина инсталиралаповеќе од 20 милиони безбедносни камери ширум земјата – пишува Дејли мејл.

 Еден од примерите како во Кина овој масовен надзор, опремен со најнапредна вештачка интелигенција и софтвер за препознавање лица, му се спротивставува на криминалот се и високотехнолошките наочари за сонце, кои полицијата во централниот дел на Кина ги користи, а се опремени со технологија за препознавање лица со цел да се откријат осомничените за криминал на железничките станици.Исто така, сообраќајната полиција во Женшен монтира 40 камери за надзор, под името робокап, за да ги идентификува ликовите на непристојните возачи и да го регулира сообраќајот.

Во истиот град на пешачките премини минувачите веднаш добиваат известување за паричната казна која им следува штом ги прекршат правилата, а истовремено фотографии и имиња на луѓето кои преминуваат улица на црвено светло се прикажани на големи ЛЕД екрани.

На големите стадиони, користејќи технологија за препознавање на лица како дел од безбедносните мерки, полицијата за два месеци уапсила три бегалци.

Кина воведе метод на препознавање лица и во други јавни сфери – од надгледување на студентски домови до ограничување при користење тоалетна хартија во јавни тоалети, а противниците на таквиот систем сметаат дека Кина со овие методи целосно им ја крати слободата на граѓаните – пишува Дејли мејл.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена