Свет
Кина и ЕУ со одговор на американските тарифи – Зголемување за 84%, односно 25% царини за увозот од САД

Кина најави дека од утре ќе воведе дополнителни царини за увозот на стоки од САД, зголемувајќи ја царинската стапка на 84 отсто. Оваа одлука доаѓа по последната американска мерка со која беа воведени нови 50 отсто царини за кинеска стока. Со тоа, вкупната тарифа што САД ја применува на кинескиот извоз достигна 104 проценти, вклучувајќи ги претходните царини од 34 и 20 проценти.
Кина ја информираше Светската трговска организација дека постапките на САД претставуваат сериозна закана за стабилноста на глобалната трговија. „Ситуацијата опасно ескалира. Како една од погодените земји-членки, Кина изразува длабока загриженост и одлучно противење на овој неодговорен потег“, се наведува во соопштението од Пекинг.
Паралелно, и Европската унија реагираше на американските мерки. Европската комисија изгласа воведување на 25 отсто царини за американски стоки во вредност од околу 22 милијарди евра. На листата на ЕУ се најдоа производи како соја, бадеми, месо, тутун, боровинки, сок од портокал, како и индустриски материјали како челик, алуминиум и текстил.
Според најавите, дел од тарифите ќе стапат во сила на 15 април, други од средината на мај, додека царините за американските бадеми ќе се применуваат од 1 декември.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог