Македонија
Кирил Пејчиновиќ ќе биде прогласен за светец следниот викенд

На 15-ти и 16-ти октомври ќе биде извршена канонизација на Кирил Пејчиновиќ, соопшти Македонската православна црква. Церемониите за прогласувањето на Преподобен Кирил Лешочки за светител ќе започнат во сабота во 17 часот со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, кадешто е погребан.
Во недела, во црквата Св.Кирил и Методиј во Тетово по Воскресната утрена богослужба, ќе има дочек на Архиепископот г.г. Стефан и Архиереите на МПЦ, по што во 9 часот ќе започне Светата божествена литургија и прославување на новоканонизираниот игумен Преподобен Кирил Лешочки.
Иницијативата за канонизирање ја покрена Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф.
Кирил Пејчиновиќ е роден во тетовско Теарце. Учел црковно училиште во манастирот Св. Пречиста Кичевска и Хиландар на Света Гора, кадешто и се закалуѓерил. Откако се вратил работел во Марковиот манастир, близу Скопје, каде останал дваесетина години. Отворил манастирско училиште и се истакнал како активен проповедник и просветител на населението. Во 1818 година дошол во родниот крај, во селото Лешок и го обновил манастирот Св. Атанасија. Во манастирските конаци отворил училиште, каде поучувал и млади и стари. Автор е на делата: „Огледало“, „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, и „Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 недели
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава