Поврзи се со нас

Македонија

Кирил Пејчиновиќ ќе биде прогласен за светец следниот викенд

Објавено

на

На 15-ти и 16-ти октомври ќе биде извршена канонизација на Кирил Пејчиновиќ, соопшти Македонската православна црква. Церемониите за прогласувањето на Преподобен Кирил Лешочки за светител ќе започнат во сабота во 17 часот со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, кадешто е погребан.

Во недела, во црквата Св.Кирил и Методиј во Тетово по Воскресната утрена богослужба, ќе има дочек на Архиепископот г.г. Стефан и Архиереите на МПЦ, по што во 9 часот ќе започне Светата божествена литургија и прославување на новоканонизираниот игумен Преподобен Кирил Лешочки.

Иницијативата за канонизирање ја покрена Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф.

Кирил Пејчиновиќ е роден во тетовско Теарце. Учел црковно училиште во манастирот Св. Пречиста Кичевска и Хиландар на Света Гора, кадешто и се закалуѓерил. Откако се вратил  работел во Марковиот манастир, близу Скопје, каде останал дваесетина години. Отворил манастирско училиште и се истакнал како активен проповедник и просветител на населението. Во 1818 година дошол во родниот крај, во селото Лешок и го обновил манастирот Св. Атанасија. Во манастирските конаци отворил училиште, каде поучувал и млади и стари. Автор е на делата: „Огледало“, „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, и „Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена