Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Киви – природен сојузник на здравјето

Објавено

на

    Кивата е заслужено препознаена како суперовошје, благодарение на нејзиниот богат состав од хранливи материи. Ова овошје е преполно со антиоксиданси, витамин Ц, калиум, фолна киселина, полифеноли (фенолна киселина), растителни влакна и витамин Е. Таа е вистински сојузник на вашето здравје, нудејќи многубројни придобивки за организмот.

    Една од најзначајните придобивки на кивито е неговата способност да го подобри варењето. Благодарение на ензимот актинидин, кој ги разложува протеините во амино киселини, ова овошје ја олеснува обработката на храната. Тоа исто така помага во намалување на запекот преку омекнување на столицата, што го прави природен помошник за дигестивниот систем.

    Покрај сето тоа, кивито има способност да спречи оштетување на ДНК, а познато е дека оксидативниот стрес со неговите последици врз ДНК е фактор на ризик за појава на рак на дебелото црево.

    Исто така според направени истражувања, ако секое утро јадете киви, можете да спречите формирање на згрутчување на крвта и да го намалите нивото на триглицериди во крвта за дури 15 проценти. Ова го прави кивито одличен избор за поддршка на кардиоваскуларното здравје.

    Дополнителни придобивки од киви

    Кивито е исклучително корисно за нашиот организам, бидејќи содржи голема количина на различни витамини, како што се витамин Ц, витамин К, витамин Е, Б3 и Б5, но исто така е извор на минерали, како што се калциум, магнезиум, фосфор и калиум, надминувајќи ги дури и бананите.

    Го зајакнува имунолошкиот систем

    Благодарение на количината на витамин Б9, или фолна киселина и витамин Ц, или аскорбинска киселина, ова овошје ја зајакнува коскената срцевина, а со тоа создава зголемување на производството на црвени и бели крвни зрнца, кои создаваат антитела и го градат имунолошкиот систем.

    Помага во борбата против анемијата

    Поради изобилството на витамините Б9 и Ц, кивата има способност да ја зголеми апсорпцијата на железо, што ја прави многу корисна за превенција и лекување на анемија.

    Кивата е природен антиоксиданс

    Кивито содржи моќни антиоксиданси кои ги штитат клетките од оштетувања, забавувајќи го процесот на стареење и спречувајќи различни болести.

    Лек за стрес

    Благодарение на високото ниво на витамин Ц и магнезиум, кивито помага во намалување на стресот. Дополнително, серотонинот кој се наоѓа во ова овошје го подобрува квалитетот на сонот и може да помогне во справување со несоница, правејќи го природен седатив.

    Кивата е вистинско чудо на природата, кое нуди голем број придобивки за здравјето. Без разлика дали сакате да го подобрите варењето, да го зајакнете имунитетот, да се ослободите од стресот или да го поддржите здравјето на срцето, ова овошје треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана. Јадете киви и дозволете му на вашето тело да ја почувствува моќта на ова суперовошје!

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена