Гостивар
КК Гостивар ќе добие 2 милиони денари од општината, ФК Гостивар 1,5
На денешната седница на Советот на Општина Гостивар беа донесени повеќе одлуки за доделување на финансиски средства од општинскиот буџет за спортски клубови. Со буџетски пари во 2022-ра година ќе бидат поддржани Ракометниот клуб „Јехона“, Фудбалските клубови „Арсими“ од Чегране и „Гостивар“, градскиот Шаховски клуб, како и КК „Гостивар“.
За ФК Гостивар ќе се издвојат 1,5 милиони денари, додека за Кошаркарскиот клуб два милиони.
„На состанокот на Комисијата, сумата за КК Гостивар беше зголемена од 1,5 милиони денари на 2. Се работи за единствен клуб од Гостивар кој се натпреварува во прва лига и моментално се наоѓа на третото место на табелата, што е успех. Затоа сметаме дека и исправно да се зголеми износот. Лично мислам дека треба да се доделат и повеќе, но секако свесни сме за економската криза и целокупната состојба“, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Гоце Димовски.
На седницата исто така, беа усвоени одлуки за финансиска поддршка на младински организации за активности и трошоци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар