Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар без мака ја совлада екипата на МЗТ2 89:69 (фото)

Објавено

на

Екипата на КК Гостивар во премиерниот натпревар од 15. коло во Првата лига релативно лесно со 89:69 ја совлада екипаа на МЗТ 2.

Крајниот резултат од 20 поени разлика не ја прикажува реалната слика од играта на теренот, „младите штркови“ одиграа крајно борбен и квалитетен натпревар. Гостиварци прв пат поведоа во вториот период на 7 минути пред крајот на првиот дел. После преземањето на водството, домаќините играа онолку колку што е потребно да се одржува резултатот, се до последниот период кога клупата на гостиварци „додаде гас“ и се одлепија на двоцифрена предност, обезбедувајќи ја 11. победа сезонава.

Ѓорѓе Џелетовиќ успеа да запише 30 поени и 9 скока за 30 минути поминати на паркетот, двоцифрени беа и Доналдсон и Димчевски со по 11 и Ре.Димитриевски и Тасовски со по 10 поени, Костоски запиша 6, Ро.Димитриески и Штерјов по 4 поени. Вредни поени постигнаа и младинците на КК Гостивар, Александар Ристоски 1 поен, и Тома Стојаноски кој со 16 години дебитираше за гостиварскиот сениорски тим, запишувајќи 2 поени.

Кај гостите Ранко Мамузиќ беше најрасположен постигна 21 поен.

По завршувањето на комплетното коло викендов следи тринеделна пауза поради обврските на сениорската репрезентација која игра квалификации за Евробаскет 2021.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена