Спорт
КК Гостивар без пораз на домашен терен влегува во ТОП 8 завршницата

Заврши натпреварот воедно и регуларниот дел од првенството за екипите на КК Гостивар и Феникс во кој славеше домаќинот со 98-74. Гостиварци по убедливата победа остануваат единствената екипа која без пораз на свој терен го одигра регуларниот дел од сезоната запишувајќи максимални 11 победи во „Младост“.
Кошаркарите Гостивар покажа голема желба и одлична игра во текот на сите 40 минути, успеа да го изконтролираат натпреварот од почеток до крај. На полувремето заминаа со +5 поени позитива, при резултат 49-44.
Во вториот дел гостите од Скопје доста одлучно влегоа во натпреварот обидувајќи се да му парираат на противникот но не најдоа одговор за играта на гостиварци. Разликата на семафорот константно растеше во прилог на домаќинот, третиот период го добија (26-19), а четвртиот (23-11) за конечни 98-74 запишувајќи ја 15 победа сезонава.
Корсантиа со 24, Ефремовски со 23 и Вучковиќ со 20 поени беа најефикасни во екипата на Гостивар, кај Феникс најрасположен беше Митревски со 27 поени, Трајковски постигна 19.
Со оваа победа КК Гостивар ја обезбеди посакуваната 4. позиција на табелата која носи предност од домашен терен во ТОП 8 завршницата која следи. Во четвртфиналето ќе се сретнат со Работнички.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче