Вести
КК Гостивар по третпат ја совлада Блокотехна 94:98
Три од три сезонава за гостиварци во дуелите со актуелниот Балкански првак екипата на Блокотехна. Во првото коло од Супер лигата „бело-сините“ ја совладаа екипата на Блокотехна со резултат 94:98.
Гостиварци имаа водство од првиот минут, одличното отварање на натпреварот дозволи гостите да наметнат своја игра за која гевгеличани немаа одговор. Иако скоро три четвртини КК Гостивар ги одигра без еден од клучните играчи, Џо Фурстингер беше директно исклучен на почетокот на втората четвртина. Но, и без американецот гостите не дозволија изненадување. Екипната игра, одличниот екипен индекс беа пресудни во овој тежок дуел.
Јурај Сегариќ беше најрасположен кај екипата на Гостивар, постига 19 поени и 8 асистенции, Трајковски запиша 17 поени и 11 скокови. Костоски имаше 17 поени, 6 асистенции и 4 скока, Тасовски запиша 15, Димчевски 12, Фурстингер 10, Милан Димитриески 5 и Ефианаи 2 поени.
Кај домаќините најдобар поединец беше американецот Пен, со 36 поени, најновото засилување американецот Фундербург постигна 21 поен.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар