Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар – Блокотехна, денеска од 18 часот

Објавено

на

Екипата на Блокотехна достави барање до гостиварскиот клуб, поради нивниот згуснат распоред да се презакаже натпреварот за во недела. КК Гостивар како клуб со широко спортско срце, го прифати барањето натпреварот да се одигра на големиот христијански празник Прочка. Па, така натпреварот од 17-тото коло помеѓу КК Гостивар и Блокотехна се игра денес од 18 часот.

Во Младост, гостува до вчера првопласираната екипа на табелата во Првата Македноска кошаркарска лига и еден од главните фаворити во БИБЛ лигата. Во досегашниот дел од првенството Блокотехна има скор од 13 победи и само два порази, единствениот пораз на домашен терен им го нанесе токму екипата на КК Гостивар, во првиот дел од сезоната. Србинот Мијатовиќ, Николиќ, американецот Пен, последното засилување Божо Думиќ се најсилното оружје на тренерот Илиевски, гевгеличани се меѓу главните фаворити за освојување на годинешното првенство.

КК Гостивар после многу важната, но трилер победа во минатото коло против Фени во Кавадарци, го очекува уште еден тежок натпревар со погоре споменатата екипа. Избраниците на Србиноски ја научија лекцијата дека ниту еден противник не ги дава лесно бодовите и натпреварот мора да се одигра 40 минути на високо ниво. Петте дополнителни минути во Каварадци покажаа дека оваа екипа и тоа како знае да игра кошарка. Со победа денеска „бело-сините“ безмалку ќе ја осигураат четвртата позиција, што е и цел пред почетокот на Супер лигата. Моментално се наоѓаат на 6. позиција, но со два натпревари помалку од четврто и петопласираната  екипа.

Последниот натпревар во Младост против МЗТ Скопје, ги сруши сите досегашни рекорди во посетеност. И на овој натпревар подршката на кошаркарите од трибините им е повеќе од потребна. Натпревараот започнува од 18 часот, влезници може да се набават во Royal Garden и B&B Tobacco, како и на благајна пред почетокот на натпреварот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 1 час

Невреме во Турција, торнадо кај Измир и откорнати дрвја, оштетени возила

Македонијапред 5 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 6 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 7 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 8 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 9 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 22 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена